
Јапонецот Рјоју Кобајаши запиша хет-трик на Новогодишната турнеја, славејќи и на третата етапа, која го доведе на чекор до освојување на ,,Златниот орел”.
Истата, наместо во Инсбрук, се одржа денес во Бишофсхофен, откако вчера во областа Тирол дуваше силен ветер и беше невозможно да се изведе натпреварувањето.
После првата серија, на водечката позиција се наоѓаше Мариус Линдвик, кој накрај мораше да се задоволи со второто место, поради послабиот втор скок.
Подиумот го комплетираше актуелниот шампион на Светскиот куп, Халвор Егнер Гранеруд, а Карл Гајгер беше најдобар домашен скокач на четвртото место.
Пласман во првите десетмина изборија уште: Мануел Фетнер, Јан Херл, Роберт Јохансон, Маркус Ајзенбихлер, Михаел Хајбок и Јукија Сато.




