
Тампа Беј Рејс и Филаделфија Филис синоќа го одиграа првиот меѓусебен натпревар во 2021 година.
На него, после голема борба, до конечната победа од 5-3 дојдоа актуелните шампиони, Тампа Беј, кои славеа на домашен терен.
После седум ининзи, резултатот гласеше 3-3, а Рејс ги стекнаа победоносните два поени во осмиот период.
За поразениот состав, хоум-ран постигна Мет Џојс, а по четири бази освоија Одубел Херера и Роман Квин.
На спротивната страна, со хоум-ран, резултатот го отвори Остин Медоус, а во листата на поентерите се запишаа уште Јанди Диаз (х2), Ренди Арозарена и Тејлор Волс.
Веднаш по натпреварот, Тампа Беј (33-20) го заземаа првото место во Американската лига, додека Филис (25-27) беа деветти во Националната лига.



