
Синоќа, после петте победи во низа, Сиетл Маринерс го запишаа и вториот врзан пораз, откако загубија со 0-6 од Оукленд Атлетикс.
Имено, домаќините го направија кардиналниот пропуст уште во третиот ининг, кога примија дури пет поен.
За Оукленд, во овој дел од играта, хоум-ран постигна Митч Морланд, а по четири бази освоија Мет Чапман, Елвис Андрус, Марк Кања и Мет Олсон.
На тоа, Атлетикс ја променија уште еднаш цифрата на семафорот во деветтиот период преку Тони Кемп.
Освен поентерите, одличен меч за калифорнискиот состав одигра и фрлачот Шон Манеа, кој освои осум страјк-аути.
На табелата на Американската лига, Атлетикс (33-25) го заземаат четвртото, а Маринерс (28-29) – десеттото место.



