
На првото свое историско гостување во Чикаго, Сиетл Кракен ги победија домашните Блекхокс со 0-2, нанесувајќи им го шестиот пораз во низа.
На натпреварот, гостите од северозападниот дел на САД беа за нијанса подобри во нападот со повисок процент на реализација.
Во втората третина, резултатот го отвори Александер Венберг, а вториот погодок го постигна Џордан Еберле на минута и пол пред крајот.
Важен во победата на Кракен беше и голманот Филип Грубауер, кој со 29/29 одбранети шутеви го запиша вториот шут-аут во сезоната.
На табелата на Западната конференција, Чикаго остана на четиринаесеттото, а Сиетл на петнаесеттото место без шанси за доигрување.