
Новата МЛБ сезона беше отворена синоќа со ривалството помеѓу сојузните држави Илиноис и Висконсин, овековечено во името на Чикаго Кабс и на Милвоки Бруерс.
Имено, на ,,Ригли Филд” во Чикаго, домашните Кабс влегоа во новото првенство со победа од 5-4 над локалните ривали.
Бруерс го имаа почетното водство, но во петтиот ининг, домаќините поведоа со 3-1 и ја задржаа предноста до крајот.
Првиот хоум-ран во новата сезона го постигна Нико Хорнер (Чикаго Кабс), кој ја однесе топката на трибините за првпат после 2019.
Од неговите соиграчи, по четири бази освоија Сеија Сузуки, Џејсон Хејвард, Клинт Фрејзер и Вилсон Контрерас.
На спротивната страна, во листата на поентерите се запишаа Ендру МекКачен, Лоренцо Каин, Колтен Вонг и Роуди Тељез.