Францис Тринкао на 31 јануари од португалска Брага направи трансфер во Барселона за сума од 30 милиони евра и тек ова лето 20-годишниот играч доби можност да се докаже на терен, а тој тоа го прави со огромни чекори на напредок.
На пријателскиот натпревар на каталонците против Гимнастик, Тринкао имаше голем број на дриблинзи, додавања и решенија кои што го воодушевија на Роналд Куман. Инаку Барселона за овој играч има клаузула за обештетување од дури 500 милиони евра.