Во рамките на шестото коло од Прва ЖФЛ во фер и коректен натпревар, во Битола на игралиштето ,,Павел Шатев” домашната екипа на ЖФК Топ Гол дојде до триумф над екипата ЖФК Плачковица од Радовиш со резултат од 4:1.
Битолчанки запишаа нови бодови на прволигашката табела, а најзаслужни за трите бода се стрелците на погодоците Размовска и Бумбаровска по еден гол и двоен стрелец беше Петровска за конечни 4:1.



