Македонскиот напаѓач Иван Тричковски и неговиот АЕК Ларнака убедливо со резултат 1:4 на гостински терен го совлада Аполон. Фантастичниот Иван Тричковски на овој меч постигна 2 гола. Во досегашните пет настапи за својот клуб, нашиот Тричковски со 6 голови е моментно најдобар стрелец во кипарскиот шампионат.