
Кога е во прашање најквалитетното натпреварување во најбрзата игра на трева, а воедно и националниот спорт на Ирска, харлингот, еден тим доминира во последните три години.
Имено, Лимерик стана шампион на Ол-Ајрленд Сениор Харлинг Чемпионшип по третпат во низа, откако во финалето славеше над Килкени со (2-26) 32-34 (1-31).
Во текот на цел натпревар, ,,Зелените” ја имаа предноста на своја страна, но во поголемиот дел, позитивата беше достижна и со само еден гол.
Сепак, од редовите на Килкени, единствен што им пркосеше на старо-новите шампиони беше Ти Џеј Рид (0-09), а голови дадоа Мартин Киган (1-01) и Били Рајан (1-00).
На спротивната страна, најдобар стрелец беше Героид Хегарти (1-05), а по него следуваа Арон Џилејн (0-07) и Дермид Бајрнс (0-05).
Во полуфиналето, Лимерик го елиминира Голвеј, додека Килкени беше подобар од Клер.