
Последниот ден од Светското првенство во биатлон во Оберхоф (Германија) беше комплетиран со трките по масовен старт.
Кај мажите, Шведска оствари 1-2 победа во името на Себастијан Самуелсон (36:42,8) и на Мартин Понсилуома (+9,6).
Позади нив, на третото место, заврши Јоханес Тингнес Бо (+38,8), кој освои медал на сите седум трки.
Во првите петмина се најдоа уште Штурла Холм Лагреид (+55,8) и Андрејс Расторгујевс (+1:07,3).
Во женска конкуренција, благодарение на одличното четврто стрелање, до светското злато стигна Швеѓанката Хана Оберг (36:48,0).
Со медал од последното натпреварување се закитија уште Ингрид Ландмарк Тандерволд (+4,8) и Жулија Симон (+20,8), а под една минута заостануваа уште: Ане Шевалие-Буше (+34,7), Маркета Давидова (+51,4), Каролине Кнотен (+57,7) и Ема Лундер (+57,8).