
Одличната серија на Филаделфија Филис се зголеми на осум врзани победи, откако синоќа беа поразени Њујорк Метс со 3-0.
Сите поени на Филис паднаа после хоум-рани, со тоа што два беа постигнати во првиот и еден во шестиот ининг.
Поентери за победничкиот состав на оваа пресметка беа Жан Сегура, Џеј Ти Реалмуто и Брајс Харпер.
Сепак, освен наведените тројца играчи, важен елемент во играта на Филаделфија беше и фрлачот Зек Вилер со неверојатен учинок од единаесет страјк-аути и од само две допуштени бази.
На табелата на Националната лига, Филис (59-53) избија на шестото место, а Метс (56-55) ја заземаат осмата позиција.



