Светското првенство во карлинг во машка конкуренција се одржа во текот на изминатата недела во Калгари, Канада.
На него, до титулата ,,Светски шампион”, по третпат во низа, дојде репрезентацијата на Шведска, составена од: Никлас Един, Оскар Ериксон, Расмус Врана, Кристофер Сундгрен и Даниел Магнусон.
Во финалето, претставниците на Скандинавија ја совладаа Шкотска со резултат од 10-5.
За британската селекција настапија: Брус Моуат, Грант Харди, Боби Леми, Хеми МекМилан и Рос Вајт.
Токму Харди беше одличен во последниот меч со прецизност од 94%, но надежите на Шкотска ги уништи Никлас Един со еден нереален шут во деветтиот енд.
Во полуфиналето, Швеѓаните беа подобри од Швајцарија (11-3), додека Шкотска ја победи Русија (5-3).
Во битката за бронза, Швајцарија ја надигра руската репрезентација со 6-5.
Имено, од ова СП, најдобрите шест екипи изборија директна квалификација за наредните ЗОИ, а освен полуфиналистите, тоа беа уште САД и Канада.
📸 sportsnet.ca



