Еден од четирите грен-слемови во голфот е познатиот Мастерс Турнамент, кој се одржува секоја година во Џорџија, САД.
Неговото 85. издание во историјата се одвиваше во текот на минатиот викенд.
На него, до шестата победа на ПГА Тур во кариерата дојде Хидеки Матсујама (-10).
За Јапонецот, ова беше прва грен-слем победа, а воедно и прва во кариерата после 2017 што го направи првиот јапонски шампион на Мастерс Турнамент.
Имено, Матсујама прејде во водство после третиот ден, на кој забележа (-7) поени.
После првите два дена, на водечката позиција стоеше Џастин Роус, кој накрај заврши како седмопласиран (-5), откако драстично потфрли на последниот ден (+2).
Второто место му припадна на Вил Залаторис (-9), а третото го поделија Ксандер Шофеле и Џордан Спит (-7).
Освен нив, пред Роус се пласираа уште Марк Лишман и Џон Рам (-6), заземајќи го петтото место.
📸 Mike Ehrmann/Getty Images