Во рамките на Светскиот куп во крос-кантри, на денешната програма беа трките на дистанца во Лахти, Финска.
Кај дамите, до третата овосезонска победа дојде Терезе Јохауг, која отскија десет километри за време од 24:28,4 минути.
Само 1,2 секунди позади неа беше лидерката во генералниот поредок, Наталија Непрјаева, а домашната селекција се радуваше на бронза во името на Криста Пармакоски (+16,5).
Вицешампионката во оваа дисциплина од ЗОИ 2022, Керту Нисканен (+37,7) беше четврта, а како петта заврши победничката на вчерашниот спринт – Јона Сундлинг (+40,7).
Во машка конкуренција, Финска ја славеше осмата победа во кариерата на Ииво Нисканен (33:06,5), воедно и осмата на петнаесет километри.
Водечкиот во генералниот пласман, Јоханес Клебо (+17,6), беше второпласиран, а само четири десетинки зад него заврши Вилијам Порома (+18,0).
За 21-годишниот Порома, ова беше прв подиум во Светскиот куп, а исто така и прв за Шведска во машка конкуренција во тековната сезона.
Русите останаа без медал, а нивните најдобри претставници, Алексеј Червоткин (+22,0) и Александер Болшунов (+24,4), ги зазедоа четвртата и петтата позиција.