
На единственото поединечно натпреварување во Лахти (Финска) од Светскиот куп во нордиска комбинација, Јарл Магнус Риибер дојде до десеттата победа во сезоната.
Норвежанецот (23:45,9), после несреќните моменти на ЗОИ 2022, триумфално се врати на снежниот терен, доминирајќи во текот и на двете серии.
На два и пол километри до крајот, во битката за второто место учествуваа тројца скијачи, од кои, на подиумот завршија Винценц Гајгер (+27,1) и Јоханес Лампартер (+27,4).
Во генералниот пласман, Риибер го намали заостатокот во однос на Лампартер за четириесет поени, но сепак Австриецот ќе ја носи жолтата маичка најмалку уште еден викенд.
Од оваа мини-група, без пиедестал остана Франц-Јозеф Рерл (+47,9), а на петтата позиција заврши Јоханес Ридзек (+59,3), кој брше и последен со заостаток под една минута.




