Екипата на Бристол Роверс ја започна новата сезона во Лиг 1 спротивно од очекувањата.
Роверс очекуваа борба за плејоф, но после дванаесет кола ја заземаат осумнаесеттата позиција. Лошата форма резултираше со промена на тренерската позиција и заминување на веќе поранешниот менаџер Бен Гарнер.
Во меѓувреме, привремен тренер на Роверс беше Томи Видрингтон, кој го предводеше тимот до триумф од 4-3 над Челзи У21 во ЕФЛ Трофи.
Сепак, денес, на клупата на ,,Пиратите” застана искусниот Пол Тисдејл, кој потпиша договор на две и пол години.
Тисдејл, во тренерската кариера, ги предводеше Бат Сити, Ексетер и МК Донс. Најдобри перформанси имаше во Ексетер, каде што стана првиот менаџер во клупската историја што изборил две последователни промоции, односно од петтата, ,,скокна” до третата лига. Тисдејл остана на кормилото на ,,Грците” од 2006 до 2018.
Солидни статистики имаше и во МК Донс, со коишто избори уште една промоција од Лиг 2 во Лиг 1 пред две сезони.



