
Во триесет и деветтото коло од англиската Лиг 2, Транмер Роверс и Херогејт Таун ремизираа со 1-1.
За гостите, освоениот бод има големо значење во битката за опстанок бидејќи ги остави на дваесеттото место со седум бода предност во однос на ,,црвената” зона.
Од друга страна, Транмер се наоѓа на тринаесеттата позиција со серија од пет меча без триумф (три ремија и два порази).
На натпреварот, почетно водство на Херогејт му донесе Лук Армстронг (4′), а до истекот на првото полувреме, Роверс израмнија со несреќниот автогол на противничкиот голман – Марк Оксли (36′).