
Според аналитичарите, Барнли има 99% шанса за директно враќање назад во англиската Премиер лига.
Сепак, во увертирата на триесет и деветтото коло од Чемпионшип, популарните ,,Кларетс” ремизираа на домашен терен против Сандерленд со 0-0.
Двете екипи имаа по неколку шанси за погодок, но најблиску беше фудбалерот на гостите, Амад Дијало, кој во седумдесеттата минута погоди пречка.
Уште од почетокот на октомври, за Барнли, ова беше само втор домашен натпревар без триумф.
Сепак, избраниците на Винсент Компани се убедливо на првото место, додека Сандерленд ја држи единаесеттата позиција.