Трактор Чељабинск успеа да ја прекине серијата од четири врзани триумфи на АК Барс Казањ, со денешниот триумф од 2-1.
Сите голови на мечот паднаа во првата половина на втората третина. Трактор стекна брзо водство од 2-0, благодарение на двата пауер-плеј погодоци на Томаш Хика и на Алексеј Бивалцев.
Четири минути подоцна, Казањ намали на 2-1 преку Кристијан Хенкел, но тоа не беше доволно за освојување на бодови.
Со овој триумф, екипата од Чељабинск изби на третото место на Истокот, со само два бода заостаток во однос на денешниот ривал. Помеѓу двата тимови се наоѓа единствено Авангард од Омск.



