Хрватските кошаркарки ја оправдаа фаворитската улога, но добро се помачија за да дојдат до двата бода со триумфот од 80:62 на премиерата во Рига. Македонија загуби од селекцијата на Хрватска во првиот натпревар од „балонот“ кој во овие три дена се одржува во Рига.
Во нашиот табор со најдобар учинок заврши Девана Бонер со 20 поени, 17 скока и 7 асистенции. Двоцифрен учинок имаа и капитенот Анжелика Митрашиновиќ со 15 поени, а Трајчевска зад своето име запиша 10 поени. Македонија за два дена игра против репрезентацијата на Германија.



