Во првиот меѓусебен овосезонски плејоф натпревар, Трактор Чељабинск неочекувано славеше над Салават среде Уфа со 1-3.
Петтопласираната екипа во регуларниот дел од сезоната, иако беше инфериорна во поголемиот дел од мечот, успеа да поведе со вкупни 1-0 во осмина-финалната серија.
После четири минути игра, Витали Кравцов им донесе почетно водство на домаќините, а само 58 секунди подоцна, Салават израмни преку Владислав Каратајев.
Во наредните два периоди, Трактор по еднаш ја затресе мрежата на Јуха Метсола. Стрелец на овие погодоци беше Вјачеслав Основин.
Освен голгетерите, важна алка за победничкиот состав беше и голманот Иван Федотов, кој одбрани 38/39 противнички шутеви (97,44%).
📸 Павел Табарчук, photo.khl.ru