Новиот тим на ФК Борец во Велес ја запиша првата победа во пролетниот дел од Прва МФЛ во рамките на 21 коло против струмичка Беласица.Фудбалерите на домашниот тим стигнаа до рано водство со удар од работ на казнениот простор преку Еди Баша.
Гостинскиот играч Митевски донесе израмнување во 17 минута, сепак велешани успеаја да стигнат до нова предност пред крајот на првото полувреме преку погодокот на Адили, гол кој се покажа и решавачки за 2:1 и три бода на контото.