
Во рамките на денешната програма од финската хокеарска Лиига, ТПС Турку го совлада Карпат со 3-2.
После првата третина, домаќините водеа со минимални 1-0, благодарение на Јухани Јасу.
Сепак, во вториот дел, гостите го презедоа резултатскиот суфицит на своја страна со двата гола на Виле-Валтери Лескинен.
До доаѓањето на втората пауза, Јасу погоди уште еднаш за 2-2, а вториот пресврт го комплетираше Павол Скалицки на три минути пред крајот за конечен триумф на клубот од Турку.
На табелата, ТПС изби на третото место, кое го презеде токму од Карпат, спуштајќи го на четвртата позиција.