
Во дербито на првото коло од турската одбојкарска Султанлар лига, Ечачибаши го совлада Фенербахче со убедливи 0-3.
За номиналните гости, овој триумф беше остварен на неочекувано лесен начин со резултат по сетови од 20-25, 18-25, 22-25.
Од победничките редови, најефикасна со 25 поени беше Тијана Бошковиќ, а по неа следуваа Ханде Баладин (12) и Ирина Воронкова.
На спротивната страна, најрасположени во нападот беа Еда Ердем и Ана Лазарева со скромни девет поентирања.