
Торонто Мејпл Лифс ја прекинаа серијата од пет победи на Тампа Беј Лајтнинг, совладувајќи ги со 4-1.
После две третини, Канаѓаните водеа со 2-0, откако прецизно стрелаа Мајкл Бантинг и Остон Метјус.
На стартот на третиот период, Владислав Наместников го преполови заостатокот на гостите, кои во финишот играа со празна мрежа.
Ризикот им се ,,одби од глава” во последните две минути, кога Мејпл Лифс реализираа уште двапати преку Пјер Енгвал и Вилијам Ниландер.
Во Источната конференција, Торонто го зазема третото, а Тампа Беј – шестото место.