Вчера селекторот на машката ракометна репрезентација Кире Лазаров го имаше првиот собир на репрезентативците пред настапот на Светското првенство во јануари.
„Среќен сум што сум тука после долго време, во спортот е така, има и повреди. Со нетрпение го чекам ова првенство. Нова генерација, нов спој на ракометари, спој на искуство и младост. Тука сме помогнеме, да бидеме лидери на оваа генерација, ја прифаќаме таа улога. Треба да се подготвиме најдобро што можеме. Во спортот секогаш има изненадувања, ако не веруваме не треба да патуваме таму. Силно веруваме дека ќе ја поминеме групата. Пред нас имаме сериозни противници. Ако бидеме здрави, мислам дека ќе имаме успех. Немаме доволно натпревари одиграно против Холандија и Аргентина, тие се нови противници за нас и играат добар ракомет. За мене Холандија изгледа моќно на физички план, но сепак ќе подготвиме посебна тактика за секој од нив“, изјави левото крило Дејан Манасков.