Торонто Мејпл Лифс се издвоија на врвот на Северната дивизија, откако синоќа ги совладаа второпласираните Монтреал Канадиенс со 2-4, кои воедно се и нивни најголеми ривали.
Во првата третина, Монтреал го отвори резултатот преку Џош Андерсон, кој погоди уште во втората минута.
Во вториот дел, Тревис Дермот израмни на 1-1, а Џастин Хол и Илја Михејев, во интервал од 42 секунди, му донесоа на Торонто предност од 1-3.
На три и пол минути до крајот, Томаш Татар ја врати надежта на Монтреал со голот за 2-3, а конечниот резултат го постави Зек Хајмен на празен гол.
📸 Canadian Press