За првпат после 1991/92, ЛА Лејкерс одиграа три врзани натпревари во продолжение. Последниот од нив беше против Оклахома Сити Тандер, на кој, актуелните шампиони славеа со 114-113.
Оклахома водеше цел натпревар, сè до четвртата четвртина, кога Лејкерс поведоа со 95-94. До крајот следуваше неизвесна игра, која беше решена после дополнителните минути, откако заврши со 105-105 после регуларниот дел.
Најефикасните кошаркари и од двете екипи постигнаа по 25 поени – Ал Хорфорд (Оклахома) и ЛеБрон Џејмс (ЛА Лејкерс).
Лејкерс (20-6) им се придружија на Јута Џез на врвот на Западот како единствени екипи со по дваесет победи, додека Оклахома (10-14) го зазема претпоследното место во истата конференција.
📸 Alonzo Adams – USA TODAY Sports