
После седумте врзани победи, екипата на Бостон Бруинс синоќа го запиша и првиот пораз.
Имено, во ,,Скошабанк Арена”, претставниците на Масачусетс загубија од Торонто Мејпл Лифс со 2-1.
Во првата третина, домаќините поведоа преку Остон Метјус, додека гостите израмнија во вториот дел од пенал, благодарение на Бред Маршан.
Сепак, канадскиот тим успеа да ја запише втората последователна победа со вториот гол на мечот на Метјус.
Во Источната конференција, Бостон остана на врвот, додека Торонто скокна на единаесеттото место.