Торонто Рапторс, синоќа ја оправдаа фаворитската улога и ги поразија Орландо Меџик со 89-102.
Канадските претставници водеа во текот на цел натпревар и убедливо изборија конечен триумф.
Во победничкиот тим, дабл-дабл постигна Паскал Сијакам (16 поени и 11 скокови), а по 19 поени уфрлија уште Фред ВанВлит и Скоти Барнс.
Од противничкиот табор, најефикасни беа Мохамед Бамба (15 поени и 10 скокови) и Игнас Браздеикис (13 кошеви).
Во Источната конференција, Торонто (45-32) изби на петтото место, додека Орландо (20-58) остана на самото дно.