
Торонто Мејпл Лифс ја остварија третата домашна меѓусебна победа над Вашингтон Капиталс, откако синоќа славеа со 5-1.
Во првата третина, Капиталс дојдоа до водство од 0-1, благодарение на пауер-плеј погодокот на Никлас Бекстром.
Сепак, во вториот дел, домаќините реализираа четири пати преку Мајкл Бантинг, Морган Рајли, Вилијам Ниландер и Пјер Енгвал, а во третиот период, конечниот резултат го постави Зек Естон-Рис.
Во Источната конференција, Торонто го зазема третото место, додека Вашингтон ја држи седмата позиција.




