
После тринаесетте победи во низа, неверојатната серија на Њу Џерси Девилс доживеа прекин.
Тимот, кој ги запре Девилс беше Торонто Мејпл Лифс, кој синоќа, на гостински терен, славеше со 1-2.
Во првата третина, водство од 0-2 на канадскиот состав му донесоа Џон Таварес и Понтус Холмберг со првиот погодок во НХЛ.
Во продолжение, домаќините ја презедоа контролата, но постигнаа само почесен гол во третиот период преку Даги Хамилтон.
Освен стрелците, херој на Мејпл Лифс им беше и голманот Мет Мареј со 34/35 одбрани (97,14%).
Во Источната конференција, Њу Џерси остана на второто место, додека Торонто направи скок до третата позиција.




