
Во последниот денешен натпревар од Светското првенство во Катар, Белгија на ,,стаклени нозе” ја оправда фаворитската улога против Канада.
Имено, во првото коло од групата Ф, Белгијците славеа над ривалите од Северна Америка со минимални 1-0.
Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Миши Бачуаји (44′) во финишот на првото полувреме.
Во текот на цел натпревар, Канада ја држеше иницијативата, а колосалната шанса ја промаши Алфонсо Дејвис (11′), чијшто пенал беше одбранет од Тибо Куртоа.
На табелата, Белгија го презеде првото место пред Хрватска и пред Мароко, кои ремизираа со 0-0.