
Во текот на изминатиот викенд во Оклахома, САД, беше одржан вториот грен-слем турнир од тековната сезона во голф – ПГА Чемпионшип.
Во пресрет на турнирот, бранителот на титулата, Фил Микелсон, беше отстранет поради ставовите против Супер Голф Лигата.
После четирите одиграни рунди, неговиот примат го презеде сонародникот Џастин Томас.
Томас имаше ист учинок од (-5) после 72 дупки како и второпласираниот Вил Залаторис, но беше подобар после три плејоф дупки со (-2) наспроти (-1).
За Томас, ова е втор грен-слем наслов и воедно втор на ПГА Чемпионшип после 2017.
Со учинок од (-4), третото место го поделија Мито Переира и Камерон Јанг, додека петтопласирани беа Метју Фитцпатрик, Томи Флитвуд и Крис Кирк со по (-3) поени.