Во рамките на 12 коло помеѓу ЖФК Тиверија и тетовска ЖФК Шкендија, во фер и коректен натпревар во Струмица, до бодови стигнаа фудбалерките на Тиверија со резултат од 5:0 на полувреме беше 2:0.
Во рамноправен дуел, во кој што двете екипи имаа свои шасни, но домашните фудбалерки имаа беспрекорна реализација и сосема заслужено дојдоа до трите бода. Во првото полувреме головите ги постигнаа Теодора Димоска и капитенката Александра Ристовска која што успешно стрелаше од белата точка.
Во вториот дел Тиверија тргна кон нови погодоци и успеа во намерата, бидејќи во противничката мрежа стрелаа: Николовска, Димоска и Јосифова. Кај гостинската екипа се истакна голманката која што фати неколку тешки топки и спаси поголем пораз за својата екипа.
Репрезентативката Теодора Димоска уште еднаш на дело покажа дека се работи за вонсериски напаѓач и дека без проблем ги тресе противничките мрежи. Во победничкиот табор, капитенката Ристовска лидерски ја води екипата, а помладите секој нов натпревар напредуваат.
Во екипата на ЖФК Шкендија сеуште е рано да се очекува да се борат за висок пласман, но ако овој тим неколку сезони игра заедно тие ќе созреат и ќе бидат конкурентни за позициите кои носат на врвот.
Видео:



