Во втората најквалитетна хокеарска лига во светот, КХЛ, на денешната програма имаше само еден дуел.
Имено, Сибир од Новосибирск, на домашен терен го пречека Динамо Минск и беше декласиран со 0-6.
После првите дваесет минути игра, белорускиот состав веќе водеше со 0-5, а последниот гол го забележа во завршните минути на втората третина.
Во осмата минута, при резултат од 0-2, Антон Красоткин застана помеѓу стативите на Сибир, заменувајќи го Хари Сатери и прими три гола во интервал од вкупно четириесет и пет секунди игра.
Веднаш потоа, Русинот повторно му го отстапи местото на Финецот, кој добрани до крајот.
Исто така, Белорусите поставија нов рекорд во историјата на КХЛ за најбрзо постигнати пет погодоци (10:57 минути), надминувајќи го учинокот на Торпедо Нижњи Новгород (11:57 минути).
Динамо, на денешната средба, имаше шест различни стрелци: Бренан Менел, Илја Соловјов, Јегор Шарангович, Алексеј Протас, Илја Усов и Брендон Козун.
Со новите два поени, Динамо Минск е петти на Западот, со ист број на поени како и именикот од Москва, додека Сибир е деветти на Истокот, со бод заостаток во однос на плејоф-зоната.