
Галските фудбалери на Монахан важат за најнапреднат состав во однос на минатата сезона во Ол-Ајрленд Сениор Фудбал Чемпионшип.
Имено, популарните ,,Фарни Арми”, во 2020 не успеаја да ја поминат ниту прелиминарната рунда, а веќе во 2021 дојдоа до провинциско финале на Алстер.
Сепак, во најбитниот меч на северниот ирски регион, ,,Сино-белите” загубија од Тироун со (0-16) 16-15 (0-15).
За Тироун, ова беше прва провинциска титула после 2017 и вкупно шеснаесетта во историјата, односно исто како и денешниот ривал.
На полувремето, победниците водеа со 11-6, но поразениот состав успеа да се врати во мечот и дури да израмни во еден период, но тоа сепак беше недоволно за триумф.
Двајцата најефикасни фудбалери од новите полуфиналисти беа Дерен МекКари (0-5) и Мети Донели (0-3).
На спротивната страна, ист учинок имаа Конор МекМанус (0-5) и Џек МекКерон (0-3).
Во полуфиналето, Тироун ќе гостува во Кери со надеж дека ќе избори финале после 2018.