
Во средината на тековната седмица, на белгиско тло, беше одржано осумдесет и шестото издание на познатата велосипедска трка – ,,Валонската стрела”.
На неа, до првата еднодневна победа во кариерата дојде Дилан Теунс, кој извоза двесте и два километри за време од 4:42:12 часа.
,,Секогаш сонував за триумф на некој класик и денес тоа конечно се случи. Никогаш не сум бил толку подготвен за пролетните класици како годинава и затоа сум многу среќен за оваа победа.” – рече Белгиецот на интервјуто после трката.
Второто место му припадна на петкратниот победник на ,,Валонската стрела”, Алехандро Валверде (+0:02), а Русинот Александр Власов (+0:02) го комплетираше подиумот.
Минатогодишниот првак, Жулиен Алафилип (+0:05), заврши на четвртото место, а групата од единаесет велосипедисти, во која спаѓаше и Тадеј Погачар, ја предводеше Даниел Фелипе Мартинез (+0:07).