Евертон го победи Арсенал со 2:1 во меч од англиската Премиерлига на кој колубискиот централен дефанзивец Јери Мина продолжи една своја неверојатна серија. Мина последните свои четири гола во дресот на Евертон ги има постигнато во 45-та минута.
Арсенал од 1 ноември наваму не знае за победа во Премиерлигата. Со Микел Артета на клупата, ,,Топчиите ” немаат ниту една победа на меч на кој губеле по првото полувреме и таа непријатна традиција продолжи и денеска.
Евертон водеше со 2:1 по првите 45 минути, па ,,Карамелите” со победата, привремено избија на второ место на табелата. Во прилог и видео од победничкиот гол на Јери Мина:



