Корејскиот тим Улсан Хјундаи е освојувач на титулата во азиската Лига на шампиони во фудбал. Титулата на Улсан му ја донесе Жуниор Неграо кој во финалето против Персеполис од Иран ги даде двата гола во победата од 2:1, по еден од игра и од пенал.
Финалето се играше во Доха во Катар, а со титулата на Улсан, Јужна Кореја се зацврсти на прво место со 12 титули на нејзините клубови во ова натпреварување, а Јапонија е втора со седум.



