Капитенката на актуелниот шампион ЖФК Каменица Саса, Моника Георгиева – Мони го продолжи професионалниот договор со клубот и потпиша на 2.5 години или со важност до 30.06.2023 година.
Георгиева е лидер на тимот и за прв историски пат во историјата на Македонска Каменица го подигна шампионскиот пехар. Освен тоа во одбраната командува со целата дефанзивна линија.