
На денешната програма во Ленцерхајде (Швајцарија), во рамките на Светскиот куп во алпско скијање, се одржа женската трка во велеслалом.
Истата заврши во корист на Теса Ворли (2:02,35), која ја оствари втората победа во сезоната, иако беше трета после првата серија.
На втората позиција, со напредок од три места, заврши Федерика Брињоне (+0,29), а лидерката после првата рунда, Сара Хектор (+0,31), го комплетираше подиумот.
На четвртата позиција заврши Микаела Шифрин (+0,77), а Мишел Гизин (+1,24) беше петтопласирана.
Во првите десет скијачки се најдоа уште: Катарина Линсбергер (+1,90), Рагнилд Мовинкел (+1,98), Венди Холденер (+2,37), Корали Фрас-Сомбе (2,57) и Пола Молтцан (+2,70).
Најголема трагичарка беше четвртата натпреварувачка после првиот дел, Мета Хроват, која доживеа повреда при второто скијање, а од фаворитките, без пласман останаа Петра Влхова, Алис Робинсон и Марта Басино.