
Во второто последователно финале на хокеарската Лига на шампиони, финската Тапара успеа да дојде до својата прва континентална титула.
Претставниците на Тампере, во овосезонското финале, успеаја да изборат триумф од 2-3 над шведскиот состав на Лулеа.
Заклучно со почетокот на третата третина, победниците имаа водство од 0-3, благодарение на Кристијан Танус, на Нико Ојамаки и на Јори Лехтера.
Во последните осум минути, домаќините двапати ја затресоа мрежата на Кристијан Хелјанко преку Ерик Густафсон и преку Јухани Тирваинен, но тоа не беше доволно за освојување на втората круна во клупската историја.
На патот до финалето, Тапара ги елиминираше Давос, Регле и Цуг, додека Лулеа ги победи Волфсбург, Јукурит и Фролунда.