
Последното индивидуално натпреварување од Светскиот куп во ски скокови пред Светското првенство се одржа во Рашнов, Романија.
Истото, по вторпат сезонава, заврши со славје на Андреас Велингер, кој ја предводеше целата германска плејада со пет скокачи во првите шестмина.
Единствен натпреварувач помеѓу Германците беше Словенецот Жига Јелар, кој со денешното второ место, заврши на пиедесталот за првпат после една година.
Третата позиција му припадна на Карл Гајгер, а од неговите сонародници, позади него беа Маркус Ајзенбихлер, Филип Раимунд и Константин Шмид.
Во првите десет се најдоа уште Доминик Петер, Клеменс Аигнер, Алекс Инсам и Јонас Шустер.