
Екипата на Тапара ја презеде целосно контролата во свои раце кога е во прашање првото место на табелата на финската хокеарска Лиига.
Имено, сè уште, претставниците на Тампере се второпласирани, но со пет бода и со два натпревари помалку од лидерот Луко.
Токму денес, овие две екипи се соочија во меѓусебен дуел, а Тапара го приреди горенаведеното сценарио со триумфот од 1-2.
Двата гола на гостите паднаа во втората третина, а стрелци беа Нико Ојамаки и Петери Пухака од пенал.
При крајот, домаќините приредија неизвесен финиш со погодокот на Ото Сомпи на три и пол минути пред последниот звук на сирената.