
Тапара ја прекина серијата од четири триумфи на КалПа, откако дојде до шестата последователна меѓусебна победа.
Имено, претставниците на Тампере, во рамките на денешната програма од финската хокеарска Лиига, славеа со 4-1 над КалПа.
После две третини, резултатот гласеше 3-0, а во третиот период беа постигнати уште два погодока – по еден и на двете страни.
Двоен стрелец за победничкиот состав беше Валтери Мерела, а по еднаш реализираа Кристијан Танус и Касимир Јургенс.
На спротивната страна, почесен гол постигна Јаако Рисанен за намалување на провизорни 3-1.
На табелата, Тапара го држи третото, а КалПа – петтото место.



