
Трактор Чељабинск го запиша само вториот триумф на последните седум средби, откако денес го совлада Динамо Москва со 2-1.
И покрај освоените бодови, ,,Мечките” останаа на дното на Истокот, додека Динамо е петтопласиран во Западната конференција.
Во првата третина, Александер Скоренов стрелаше по седми пат сезонава за водство на гостинскиот состав од 0-1.
Сепак, во вториот период, пресвртот на домаќините го комплетираа Никита Тертишни и Максим Шабанов во период од четири минути.