
Тапара е првиот тим од финската хокеарска Лиига со ,,меч-топка” за влез во полуфиналето.
Имено, претставниците на Тампере поведоа со вкупни 3-0 во четвртфиналната серија против КооКоо, откако го добија третиот дуел со 2-1 после продолжение.
Во регуларниот дел, Каспери Ојантаканен им донесе водство на гостите уште во првата минута, а набргу, Вели-Мати Витасмаки израмни на 1-1.
Од дополнителниот период, гостите искористија дванаесет минути, пред Маркус Давидсон да погоди за конечна победа.