Моника Јанеска и Ивана Гакидова и нивниот тим Коњалти во 17. коло во дербито на гостувањето против Измир славеа со 32:36. Со оваа победа тие ја продолжуваат трката за титулата во шампионатот на Турција и заостануваат само еден бод зад лидерот Кастамону.
Јанеска и Гакидова повторно одиграа одлично и беа помеѓу најдобрите во својот тим со по 3 гола, додека најдобра во тимот на Измир беше Јелиз Озел поранешната ракометарка на Кометал со 7 погодоци.