
Единствениот денешен натпревар од финската хокеарска Лиига беше всушност реприза на финалето од 2017/18.
Имено, Тапара, на домашен терен во Тампере, го совлада тимот на Карпат со 4-1.
После две третини, резултатот гласеше 3-0 во корист на победниците, а во третиот период паднаа уште два погодоци – по еден и на двете страни.
За Тапара, двоен стрелец беше Вели-Мати Савинаинен, а по еднаш реализираа Касимир Јургенс и Петери Пухака.
На спротивната страна, единствен што ја затресе мрежата на Кристијан Хелјанко (23/24 одбрани; 95,83%) беше Јесе Коскенкорва.
На табелата, Тапара го зазема третото место, а Карпат се наоѓа на шестата позиција.